Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот ракометар Тимур Дибиров си замина од Вардар и потпиша за ППД Загреб, по што се збогуваше од црвено-црните преку социјалните мрежи.
Дибиров се заблагодари на сите кои го поддржуваа клубот во претходните години.
„Драги пријатели, веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас. Ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене! Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството! Сакам да им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце“, објави Дибиров на неговиот профил.