Диего Форлан од денес станува тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Форлан ова лето на 40. години одлучи да ја завшри кариерата, а непосредно по тоа и да стане тренер.

Форлан во Европа пристигна во 2002. година кога од Индепендиенте дојде во Манчестер Јунајтед за 11 милиони евра.

На Олд Трафорд помина две сезони и за Јунајтед одигра 98 натпревари и постигна 17 голови, а потоа за нешто повеќе од 3 милиони евра премина во Виљареал. Потоа играше во Атлетико, Интер, Интернационал, Осака, Пењарол, Мумбаи Сити, Китче од Хонг Конг.

Сега е спремен за тренерска кариера, а денеска ќе биде именуван за тренер во уругвајски Пењарол.

За репрезентацијата на Уругвај одигра 112 натпревари и постигна 36 голови, а во 2011. година ја освои и Копа Америка.