Диего Годин на емотивна прес конференција потврди дека заминува од Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Годин потврди дека ќе си замине од клубот по крајот на сезонава.

Уругвајскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во редовите на Интер со кого потпиша тригодишен договор според кој ќе заработува по 6.5 милиони евра по сезона.

„Ова ќе бидат моите последни денови во Атлетико Мадрид. Атлети беше мое семејство, мој клуб, мој дом, и многу ми е тешко да кажам збогум. Поминав неверојатно време тука и сакам да ви се заблагодарам на сите вас. Најубавиот дел од мојата кариера и мојот живот дојде до крајот. Горд сум што бев дел од историјата на овој клуб. Исто така сум и многу благодарен“ –низ солзи изјави Годин.