Диего Коста ги брои последните месеци како член на Атлетико Мадрид

Искусниот напаѓач, Диего Коста би можел да си замине од Атлетико Мадрид во јануари или во летниот преоден рок.

За контроверзниот фудбалер постои интерес од неколку клубови од Катар, но и од Кина, па Коста би можел да си замине од клубот уште во јануари.

Откако се врати во Атлетико Мадрид во јануари 2018 година, Диего Коста досега има постигнато само пет погодоци.