Диего Коста ги собра аплаузите по гестот кој го направи при постигнувањето на погодок против Атлетик Билбао (Видео)


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите откако ремизираа со резултат 1:1 на празниот „Сан Мамеш“.

Двата погодоци беа видени во растојание од две минути. Најпрво домаќините поведоа со 1:0 со голот на Икер Муниан во 37. минута.

Две минути подоцна мрежата на домашниот тим ја затресе Диего Коста што на крај ќе се испостави како конечен резултат.

Внимание привлече прославата на голот на Диего Коста. Напаѓачот од клупата зеде дрес со број 14. кој го носи дресот на женскиот тим, Вирџинија Торесиља.

Таја во мај имаше операција на мозокот откако и беше дијагностициран тумор, а на овој начин Диего Коста и упати поддршка.