Диего Коста се враќа во Премиерлигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач со шпански пасош Диего Коста по половина година сака го напушта Атлетико Минеиро, а како негов следен клуб се споменува Вулверхемптон.

Овој 33-годишен напаѓач беше желба на многу тимови ова лето, но синоќа англиските медиуми објавија дека Коста би можел повторно да заигра во англиската елита.

Коста се наоѓа на листата со желби на Вувлерхемптон, кој има проблеми во нападот, а премиерлигашот сака да му понуди договор на една година.

Одличниот напаѓач има искуство од Премиерлигата, каде што играше за Челси и стана шампион на Англија, а во дресот на „сините“ настапи на 89 меча и постигна дури 52 гола.