Дигнаа раце од клубот: Купени само 11 сезонски влезници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Лацио дефинитивно дигнаа раце од клубот…

Почна продажбата на сезонските влезници во понеделникот, а само 11 навивачи се одзваа на акцијата и купија карти.

Тоа најдобро покажува колку навивачите се против моменталната управа на чело со претседателот Клаудио Лотито.

Во минатата сезона клубот имаше негативен рекорд, поради тоа што на стадионот од 72.698 места имаше само 12.800 купени сезонски влезници.

Лацио во минатата сезона беше осми со 37 бодови помалку од шампионот Јувентус, и му недоастасуваше поддршка од трибините.

Очигледно дека ќе им недостасува и во оваа сезона…