Дијао трејдуван во Јута

Доаѓањето на Гасол во Сан Антонио ја одреди судбината на Борис Дијао.

Францускиот репрезентативец беше трејдуван во Јута за Спарс да направат место во буџетот.

Џез доби големо засилување, а во Тексас го испратија 23-годишниот бек, Оливие Ханлан кој минатата сезона го носеше дресот на Жалгирис.

Не е познато каков договор ќе добие Дијао кој во моментот е во Филипини со репрезентацијата на Франција.