Димитријевиќ повторно во Русија за 1,5 милиони по сезона


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Репрезентативецот на Македонија Ненад Димитријевиќ ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат италијанските “инсајдери”.

Новинарот Андреа Калцони тврди дека Димитријевиќ ќе потпише двегодишен договор од три милиони евра со Зенит, а пред доаѓањето во Италија, 27-годишникот играше за Уникс, со кој ја освои ВТБ лигата 2023.

Според него, Олимпија ќе му исплати на Димитријевиќ 500.000 евра, што би требало да претставува разлика во договорот, за 190 см високиот плејмејкер од Скопје да стане слободен играч.

Димитријевиќ беше МВП на Суперкупот на Италија кој Армани го освои 2024, а во минатата сезона на Евролигата бележеше 7,6 поени, 1,6 скокови и 2,9 асистенции по натпревар.

Фото: Принтскрин