Димитриевски: Би потпишал доживотен договор со Рајо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски настапува за Рајо Валјекано од 2018 година, а не планира за брзо да го напушти шпанскиот клуб.

Димитриевски е незаменлив на голманската позиција на Рајо и поради тоа кажа дека сака да остане во клубот до крајот на кариерата.

„Сакам да останам. Ако треба ќе потпишам договор до 2029 година. Ако треба да потпишам договор до почеток на тренерска кариера, ќе го направам тоа. Ако треба да останам до крајот на животот, ќе потпишам“, кажа Димитриевски.

Актуелниот договор на Димитриевски трае до 30 јуни 2024 година.