Димитриевски: Германците не ни честитаа и нѐ потенција, ќе бидеме нагазна мина на ЕП!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски зборуваше за шпанска „Марка“ по триумфот на Македонија против Германија во Дуисбург (2-1).

Димитриевски кажа дека Германците нѐ потцениле, а потоа не им ја ни честитале победата на Македонците.

„По голот на Пандев, мислеа дека ќе победат само затоа што се Германија. Мислам дека нѐ потценија. Посебно медиумите. Израмнија од пенал и судијата им го прости пеналот кој го направи Емре Џан, но потоа Елмас даде гол и тоа беше фатално за нив. Не ни ја честитаа победата, а тоа не е во ред. Кога судијата свирна крај, тоа беше лудило. Не можевме да веруваме. Резултатот не изгледаше реално. На Европското првенство ќе бидеме нагазна мина, сигурен сум“, вели Димитриевски.