Димитриевски избран за голман на колото во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски блесна во победата на Рајо Валјекано против Лас Палмас и одбрани пенал пред крајот на првото полувреме.

Димитриевски, освен одбранетиот пенал, имаше уште неколку интервенции на теренот и тоа му помогна да биде избран за голман на колото во Ла Лига.

Македонецот по петти пат оваа сезона ја зачува мрежата, а покрај него во тимот се и Карвахал, Ермосо, Лежен, Рико, Гарсија, Мерино, Иско, Гризман, Феликс и Будимир.