Димитриевски: Ми недостига семејството и Македонија, но мора да го издржиме овој период!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанија е една од најзагрозените држави во светот од пандемијата на коронавирусот, а македонскиот голман Столе Димитриевски во моментов се наоѓа во Мадрид.

Димитриевски во интервју за шпанските медиуми кажа дека му недостига Македонија и неговото семејство.

„Ми недостига Македонија и моето семејство. Ситуацијата таму не е лоша, иако има жртви. Тука е многу полошо, а постојано ми го кажуваат и моите родители. Јас ги следам препораките и останувам дома, не се плашам од вирусот. Мора заедно сите да го издржиме овој тежок период“, вели голманот.

Голманот вели дека времето во изолација го минува читајќи книги, а исто така сака да гледа и многу филмови.