Димитриевски одбрани зицер, Рајо ја совлада Алмерија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајо Валјекано славеше против Алмерија со 2-0 во првото коло од новата сезона, а Столе Димитриевски имаше одличен настап.

Македонскиот голман вчера одбрани неколку удари кон својот гол, меѓу кои и еден зицер по одлична акција на Алмерија.

Лукас Робертоне излезе еден на еден со Димитриевски, но не успеа да најде пат до неговата мрежа.

„Среќен сум за позитивниот старт на сезоната. Ги искористивме своите шанси и победивме. Работиме навистина добро како тим“, вели Димитриевски.