Димитриевски преговара за нов договор со Рајо Валјекано


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски од 1 јануари годинава може да преговара со било кој тим затоа што неговата соработка со Рајо Валјекано завршува во јуни 2024 година.

Димитриевски се поврзуваше со Валенсија, Севилја и Вилјареал, но постои опција и да остане во сегашниот клуб.

Македнонскиот голман по победата против Хетафе (2-0) кажа дека сака да остане во Рајо и во моментов преговара со тимот.

„Дали ќе го продолжам договорот? Среќен сум во тимот, имам одлична комуникација со сите. Преговараме за нов договор, па ќе видиме што ќе се случи. Ќе ја донесеме најдобрата одлука и за мене и за тимот“, кажа Димитриевски.