Димитриевски заминува од Рајо Валјекано?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можел да замине од Рајо Валјекано во текот на летниот преоден рок.

Димитриевски неколку пати се поврзуваше со преселба во Реал Мадрид, каде би бил втор голман, но засега нема конкретен потег од „кралевите“.

По продажбата на Димитриевски, Рајо сака да го купи Луис Максимилијано за 8,5 милиони евра и тој треба да го замени македонскиот чувар на голот.

Димитриевски игра за Рајо од 2018 година, а претходно го носеше дресот на Гимнастик, Гранада, Б-тимот на Кадиз и Работнички.