Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ им се врати на клупските обврски во Уникс Казан, откако претходно настапуваше за македонската кошаркарска репрезентација.
Уникс Казан го одигра првиот пријателски меч против Зенит Санкт Петербург и славеше со 72-63, а притоа македонскиот кошаркар постигна седум поени за неговиот нов тим, а исто така имаше и најмногу асистенции на теренот во својата екипа, односно пет.
Екипите ќе одиграат уште еден контролен меч в сабота, а повторно се очекува Димитријевиќ да добие минутажа на паркетот.
Димитријевиќ пристигна во Уникс Казан на позајмица од шпанска Валенсија и во Русија треба да остане до крајот на сезоната.