Димитријевиќ избран во тимот на неделата во ВТБ-лигата (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ повторно имаше одлични настапи за Уникс Казан и тоа беше наградено од страна на ВТБ-лигата.

Димитријевиќ беше избран во тимот на неделата за периодот од 18 до 24 март, откако постигна 32 поени, пет скокови и девет асистенции за Уникс Казан во дербито против Зенит.

Во тимот на неделата се избрани и Тејрел Нелсон, Окаро Вајт, Џерамаја Мартин и Александер Коменко.