Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ се врати во нашата селекција и ќе игра на еден од двата дуели против Грузија во квалификациите за Светското првенство.
Димитријевиќ остана во Скопје за да продолжи со рехабилитацијата на повредата, па треба да настапи на мечот против Грузија во Македонија.
„Имам многу проблеми со повреди оваа сезона и затоа играв помалку за Валенсија, но сега сакам да го дадам максимумот и да бидам подготвен за вториот меч против Грузија. Овие дуели се важни за нас. Треба да го одбраниме домашниот терен и да продолжиме со работа за следните дуели. Не чувствувам притисок, среќен сум што сметаат дека сум лидер на оваа генерација“, вели ДИмитријевиќ.