Димитријевиќ најдобар стрелец во поразот од Зенит


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уникс Казан загуби на домашен терен од Зенит Петерсбург со 69-80 во ВТБ-лигата, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 13 поени.

Димитријевиќ беше најефикасен во поразениот тим со 13 поени, но исто така постигна три скокови и четири асистенции, додека на спротивната страна најдобар беше Кејлеб Хомисли со 16 поени.

ЦСКА Москва е прва на табелата, по што следат Уникс Казан и Зенит Петерсбург.