Димитријевиќ со 12 поени му помогна на Уникс Казан за нов триумф


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ заедно со Уникс Казан славеше против Нижни Новгород со 86-71 во 17. коло од ВТБ-лигата.

Уникс играше одлично од самиот почеток на натпреварот, па на полувреме имаше водство од седум поени (42-35), по што тоа продолжи да расте во вториот дел, а Нижни Новгород немаше решение.

Димитријевиќ беше еден од најдобрите на дуелот и го заврши со 12 поени, пет асистенции и три скокови.

Ова за Уникс беше 15-ти триумф во ВТБ-лигата, а има и два порази од ЦСКА Москва.