Директор на Интер има лажен профил на Инстаграм – ги следи девојките на фудбалерите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио во интервју откри дека има лажен профил на Инстаграм за да ги следи девојките и сопругите на фудбалерите на калчолигашот.

Аусилио смета дека многу работи се случуваат на социјалните мрежи и поради нив може да се создадат проблеми, па затоа сака да биде информиран.

„Признавам дека имам лажен профил на Инстаграм. Ги следам сите девојки и сопруги на моите играчи“, кажа спортскиот директор на Интер.