Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар ја одбрани титулата во СЕХА-лигата, откако славеше против ППД Загреб со 26-23, а победата падна во сенка на сериозната повреда на германскиот ракометар Кристијан Дисингер.
Дисингер во финишот од првото полувреме по дуелот со Векиќ имаше незгоден пад на левата рака, по што долго време му се давеше медицинска помош, а потоа го напушти паркетот.
Германецот утринава на својот Инстаграм профил на оригинален начин порача дека му било мило што „останал“ на прославата во салата во Брест, Белорусија.
„Барем мојот дрес беше таму. Голема победа вечерва во СЕХА-лигата. Ви благодарам на сите“, напиша Дисингер.
Сите колеги од редовите на „црвено-црните“ му ја посветија победата на германскиот ракометар.