Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Дитма Хаман го советуваше тој клуб да се откаже од намерата да го донесе Лерој Сане.
Игрчаот на Манчестер Сити долго време се поврзуваше со тимот на Баерн Минхен, а неговиот летен трансфер во Баварија пропадна поради тешката повреда на коленото.
Сепак Хаман смета дека Баерн не треба да тргне по неговите услуги и да се насочи кон ангажман на Каи Хаверц.
„Сане нема веќе 20 години. Би се запрашал кога менаџер како Пеп Гвардиола кој важи за најдобар, еден така талентиран играч не го сака во своите редови. Покрај тоа, Сане неодамна по втор или трет пат го промени агентот. Сите тие работи не треба да го заобиколат Баерн. Како што слушнав, во Манчестер многу се обиделе да влијаат на него и да му покажат какви квалитети има. Не знам зошто би било нешто поинаку во Минхен. Претходно би го донел Каи Хаверц за кого знам дека ќе стори се да биде успешен“ –изјави Хаман.