Дивац признава: Џордан во денешната НБА-лига би постигнувал по 80 поени на меч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар Владе Дивац даде интересно интервју за српските медиуми во кое зборуваше за голем број теми.

Дивац зборуваше за хуманитарната организација, неговата кариера, враќањето на Жељко Обрадовиќ во Партизан, Новак Ѓоковиќ, но и за легендарниот Мајкл Џордан.

„Да го имате Џордан во денешната НБА-лига со овие правила, тогаш тој би постигнувал во просек по 80 поени на натпревар. Па вие споредете кој е најдобар. Правилата се променети, нема физички контакт, груба игра, нема многу работи. Се игра за публика, да биде убава кошарката, да се постигнат повеќе поени, но ми делува како да ја загуби конкуренцијата, па не е фер да споредуваме различни генерации на кошаркари“, вели Дивац.