Дизајнерот на Ф1 болиди, Њуи се сели во Астон Мартин

Легендарниот дизајнер на болиди во Формула 1, Адријан Њуи следната година ќе биде дел од тимот на Астон Мартин.

Њуи неодамна реши да го напушти Ред Бул, а британските медиуми пишуваат дека 65-годишниот дизајнер се согласил да работи со Астон Мартин од 2025 година.

„Скај Спортс“ објави дека Њуи ќе заработува по 26 милиони долари годишно во Астон Мартин.