Доаѓаат од главниот град, а уствари се провинциски клуб: Рома “прегазена” од богатиот север


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Така како што Баерн немилосрдно гази во Германија, тоа го прави Јувентус во Италија. Милост никогаш немало, а нема ниту сега и нема да ја има во иднина. Бидејќи едноставно тоа начинот за да останете на врвот, а како што сега стојат работите, “Старата дама” таму ќе биде уште долго време.

Трансферот на најдобриот фудбалер на Рома, Миралем Пјаниќ, во Јувентус само ја потврди ситуацијата на фудбалот на Апенините. Италија во овој момент има еден голем тим, а тоа е Јувенутс, Милан, Интер и Рома не можат да го одржат чекорот со клубот од Торино. Тоа посебно се однесува на клубот од Рим кој по којзнае кој пат во последните 15 години е згазен од страна на најголемиот конкурент за “Скудетото”. “Волчицата” која себе си секогаш се вбројуваше во редот на некоја голем италијанска “четворка” или “петка”, конечно сфати дека целата моќ на фудбалот на “Чизмата” е стационирана на северот од Италија.

Кога на 27 август 2012 година американско-италијанската управа ја превзема Рома од семејството Сенси, ветувани беа најголеми засилувања и превземање на приматот во Италија, од сето тоа сеуште нема ништо. Парите беа залудно “фрлени”, ангажирани беа играчи без преголема стратегија. Иако тоа не смеат да го признаат, јасно е дека во клубот со сити сили сакаа да го продадат Пјаниќ и да ги добијат тие 32 милиони евра со кои ќе ја покријат финансиската загуба.

Додека генералниот директор на Рома, Мауро Балдисони преку клупскиот сајт се трудеше да ја смири страста помеѓу навивачите, обвинувајќи го Пјаниќ дека тој е виновникот за овој трансфер, од друга страна директорот на Јувентус, Бепе Марота само кратко порача: “Играчот наскоро пристигнува на медицински прегледи“, и тоа се случи само два дена подоцна.

Апсолутниот протагонист Јувентус кој доминира во Италија потврди дека работата е завршена на големо инсистирање на играчот и така до некаде го сочува образот на управата на римскиот клуб. Но, јасно е дека на тој начин пред се одржа коректен однос со луѓето кои во иднина би можеле да му бидат од голема корист.

“Делкањето” на Рома не започна ова лето и веројатно нема да заврши во блиска иднина. Тоа трае уште од оној момент кога легендарниот Франко Сенси, бркајќи го Скудетото во 2001 година, ја изгуби моќта и силата да се брани од нападите на “хиените” кои доаѓаат од богатиот север.

Кафу повлече нога, потоа заминуваа Емерсон, Зебина, Киву, Мансини…

Распадот на шампионот од 2001 година започна во 2003 година, кога Кафу како слободен играч замина од Рома и се пресели во Милан. Тоа беше перфектен маневар на поранешниот крал на пазарот Адријано Галијани кој така ја обезбеди десната бековска позиција во наредните пет сезони и ги отвори вратите за европски подвиг.

Кога во Јувентус забележаа што прави Милан и сами започнаа да ги користат финансиските слабости на Рома. Веќе во наредната сезона и беше зададен еден од најголемите удари во поновата историја, Јувентус го доведе Емерсон, кој во тоа време беше веројатно најкомплетниот играч од средниот ред во Европа. Но, на Јувентус ниту тоа не му беше доволно истото лето од Рома успеа да го доведе и Жонатан Зебина како слободен играч, додека Емерсон го платија 28 милиони евра.

Таму каде што застанаа Јувентус и Милан, продолжи Интер кој од Рома го купи Кристијан Киву за 15 милиони евра во 2007 година. Веќе во наредната сезона “Нероаѕурите” ги засили Амадео Мансини.
Јуве во игра се врати во 2011 година кога го купи Мирко Вучиниќ за 17 милиони евра, а во истиот преоден рок Фелипе Мексес ги засили редовите на Милан. Тоа беа и последните зделки на Росела Сенси.

Во првите три години зигледаше како актуелното раководство на Милан успеа да се ослободи од нападите на Јувентус додека Милан и Интер целосно го расипаа својот статус. Минатото лето Рома успеа од “Росонерите” да заработи голема сума од продажбата на Бертолачи и Ромањоли кои не се “класа” играчи. Од друга страна управата на “Старата дама” ги дочека своите пет минути, ги пушти другите да направат чекор наназад и потоа повторно тргна во акција.

Еве како изгледаше доаѓањето на Пјаниќ на медицински прегледи во Торино.

https://youtu.be/C25vYxRW29Y