Доаѓаат подобри денови: Вардар доби нов газда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар соопшти дека Атила Бижен Жалили купил 85 отсто од акциите на скопскиот гигант.

„Црвено-црните“ ја потврдија информацијата преку социјалните мрежи.

„Ви го пренесуваме соопштението на новиот сопственик на 85% од акциите на ФК Вардар, господинот Атила Бижен Жалили. Воедно, би сакале во негово лично име, како и во име на ФК Вардар, на сите граѓани на Република Македонија да им го честитаме големиот празник 𝟏𝟏 Октомври – денот на народното востание на македонскиот народ“, објави Вардар.