Добил повик од Реал Мадрид и не можел да верува: Немам време јас за такви с**ња!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот француски репрезентативец Жулиен Фобер играше за Реал Мадрид. Додека настапуваше за Вест хем добил повик да потпише за шпанскиот гигант.

Сепак, Фобер тогаш не верувал дека е тоа вистина, па кажал дека нема време за такви с**ња.

„Бев во тимски автобус и требаше да играме против Фулам. Добив повик од еден Французин од Реал Мадрид.  Ми кажа дека работи за клубот и сака да разговараме, а јас му реков дека имам важен натпревар и немам време за такви ср**а. Го исклучив телефонот, одигравме и повторно го вклучив. Имав 30 пораки и 50 гласовни пораки и тогаш разбрав дека се сериозни“, кажа Фобер.