„Добив многу понуди да раширам нозе, но не сакав да го продавам своето тело“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српската кошаркарка Милица Дабовиќ сезонава игра во албанското првенство, односно во тимот на Тирана, а тоа малку ја изненади јавноста во Србија, поради контроверзните односи меѓу државите.

Дабовиќ играше неколку месеци во Босна и Херцеговина, а потоа реши да ги прифати новите предизвици во Албанија. Таа во интервју откри дека е среќна во Тирана, каде што имала одличен пречек.

„Среќна сум, задоволна, мирна. За мене животот во Тирана е како живот во друга димензија. Ме дочекаа како Божица, ништо не ми недостига. Ја сакаат мојата игра. Имам плата, сместување, храна, снимив неколку реклами. Имам 39 години, но и понатаму играм со срце“, вели Дабовиќ.

Српската кошаркарка не крие дека се вратила на кошарката поради пари, но во минатото имала и други понуди.

„Ги продавав своите работи за да преживеам. Ми се смееја кога почнав да продава облека. Имав милион понуди да ги раширам нозете и да заработам лесни пари, но не го сакав тоа. Секој динар го заработив чесно“, објаснува Србинката.