Добри вести од Словенија: Зорман преговара со Вардар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар ќе се раздели со Роберто Гарсија Парондо, кој треба да ја преземе репрезентацијата на Египет, но во таборот на „црвено-црните“ се подготвува неговата замена.

Како што беше најавено уште пред неколку дена, Урош Зорман, кој работи како помошник во Кјелце, во моментов е во преговори со Вардар.

Таквите шпекулации ги потврди и претседателот на Кејлце, Бертус Сервас, кој кажа дека Вардар планира да го ангажира Зорман.

„Заминувањето на Зорман ќе биде проблем, но се надеваме дека ќе најдеме брзо решение. Сепак, го разбираме и тренерот, кој сака да предводи екипа, која е европски шампион. Голема почит имам кон Зорман и нема да го запрам во неговата намера“, вели Сервас.