Добри вести за Реал Мадрид: Азар конечно го израдува Зидан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Еден Азар долго време имаше проблеми со повреди поради кои беше надвор од теренот, но сега конечно носи добри вести за Реал Мадрид.

Тренерот Зинедин Зидан доби убава вест по репрезентативната пуаза, затоа што Азар на последното тестирање на ковид-19 бил негативен и ќе може да настапи за шпанскиот тим.

Азар ќе се врати на располагање на Зидан, а ќе биде во составот и за најважниот меч против Интер во четвртото коло од Лигата на шампиони.

Вирусот претходно го победи и Едер Милитао, кој заедно со Азар беше на денешниот тренинг, а негативен тест има и Касемиро.