„Додека Погба мисли на фризурата, нема да биде меѓу најдобрите во свет!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба летово се врати во Јувентус, откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед, каде што не се прослави во претходните години.

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро реши да го критикува Французинот, кој досега двапати играше за Јувентус.

„Кога еден фудбалер повеќе мисли на неговиот изглед и фризура отколку на фудбалот, никако не може да биде меѓу најдобрите во свет. Во Манчестер јунајтед целосно се изгуби, но верувам дека сака да се одмазди во вториот настап во Италија“, кажа Канаваро.

Погба летово одби да го оперира коленото затоа што ќе му престоеше подолга пауза и ќе мораше да го пропушти Мундијалот во Катар, кој ќе се одржи на крајот на оваа година.