Додека трае паузата поради коронавирусот Манчестер Јунајтед го продолжи договорот на еден свој играч

Во моментов во речиси сите фудбалски лиги ширум Европа владее пауза поради коронавирусот.

Мал дел од тимовите тренираат, а поголемиот дел ја очекуваат разврската со пандемијата и евентуалното враќање на терените.

Додека трае паузата, од Манчестер Јунајтед се решија да му дадат последна шанса на Тимоти Фосу Менса и да му го продолжат договорот на дополнителна една сезона.

Холанѓанецот по две неуспешни позајмици во Кристал Палас и Фулам се врати во Манчестер Јунајтед, но имаше тешка повреда на коленото која не му дозволи да има настапи оваа сезона. Во последно тој редовно тренира со првиот тим и се очекува да добие шанса до крајот на оваа сезона.