Дојде денот кој навивачите на Барселона го чекаа скоро три години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Арда Туран пристигна во Барселона летото 2015. година како големо засилување.

Арда потпиша петгодишен договор со Каталонците, а поради суспензијата чекаше четири месеци за своето деби. Турчинот требаше да биде големо засилување што го донесоа од Атлетико Мадрид за 35 милиони евра, но се покажа дека е погрешна инвестиција на крајот.

Барселона го испрати Арда на двегодишна позајмица во Басакшехир на почетокот на 2018. година, а откако таа истече пред шест месеци, тој повторно се врати во Барселона.

Сепак, Арда тренираше индивидуално затоа што клубот не сака тој да има никаква врска со првиот тим. Тие се обидоа да го испратат на заем до крајот на договорот или да го продадат во јануари, но никој не беше заинтересиран за овој 33-годишник.

На Барселона на тој начин му беа потребни шест месеци да му даваат плата на Арда иако тој престојуваше во Истанбул. Но, денес конечно го дочекаа денот кога го чекаа скоро три години, а тоа е Турчинот да го напушти клубот.

Имено, договорот на Арда со Барселона и официјално истече денес, а тој стана слободен агент. Тој одигра 55 натпревари за Каталонците и постигна 15 голови.