Дојде крајот, Чиле “закажа” финале со Аргентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатата ноќ репрезентацијата на Чиле запиша победа од 2:0 против Колумбија и така си обезбеди влез во големото финале во кое ќе игра против Аргентина.

Чилеанците тргнаа напаѓачки од самиот старт, таквата игра даде резултат. Веќе во седмата минута Арангуиз погодува за минимална предност, а само четири минути подоцона Фуензалида реализира за зголемување на предноста. Тоа беше и најинтересниот дел од натпреварот.

Во продолжени и Колумбија не беше без шанси, имаа 15 удари кон голот на Клаудио Браво, но само три од нив одеа во рамките од голот.

Второто полувреме донесе мирна игра и по некоја шанса на двете страни, Чиле искусно го насочи натпреварот во насока која апсолутно им одговараше.

Финалето помеѓу Чиле и Аргентина се игра во Понеделник со почеток во 02:00 часот, додека натпреварот за третото место е еден ден порано во истиот теремин.