Дојде време за разделба: Флоренци има нов клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Рома, Алесандро Флоренци најверојатно ќе го промени клубот во јануарскиот преоден рок.

Цела досегашна кариера Флоренци ја помина во Рома, но оваа сезона не може да се пофали со својот статус во клубот, па шпекулациите за негов трансфер се се поголеми.

Италијанските медиуми јавуваат дека Флоренци веќе има неколку понуди за продолжување на неговата кариера, а во овој момент најверојатно најблиску е до трансфер во Фиорентина каде би дошол на инсистирање на спортскиот директор Даниеле Прата.

Токму Прата за врме на неговата работа во Рома му го понудил првиот договор на Флоренци не крие дека исклучително го цени како играч, а трансферот, наводно, би се реализирал така што 28-годишниот играч би дошол на отстапување со право на откуп.

Еден од мотивите за трансфер Флоренци секако е и Европското првенство. Со моменталниот статус тешко дека може да очекува дека неговото име ќе се најде на списокот на селекторот Роберто Манчини.