„Дојдов во шест, но веќе беше доцна, Роналдо веќе беше тука…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Тевес се присетува на деновите во Манчестер.

Карлос Тевез имаше прилика да игра заедно со Кристијано Роналдо и остана импресиониран од тоа што го видел.

Аргентинскиот напаѓач со Роналдо заедно играа во Манчестер Јунајтед, а сега открива некои работи кои горе – доле ги знаеме кога Португалецот е во прашање.

„Ако имавме тренинг во девет часот, Роналдо би дошол еден час порано. Истата работа се случуваше и кога тренингот беше закажан во седум часот наутро. Еден ден се решив и дојдов во шест часот наутро во тренинг центарот за да дојдам пред него, но залудно – тој веќе беше таму“, изјави Тевез.

Каде и да играше, соиграчите секогаш беа „запрепастени“ од ставот и фигурата на Роналдо, кој и денес на 34 години изгледа поспремно од играчите кои имаат десетина години помалку.

Неговата работна етика го доведе до освојување на Златните Топки и до европските Златни копачки, до признание за најдобар играч на годината во светот, но и во Европа, како и до освојување на сите можни клубски признанија како во англиската Премиер Лига така и во шпанската Примера, па дури и на меѓународното клубско ниво.

Овој спортист е во целосна смисла еден од најдобрите примери за тоа како треба да работат помладите играчи кој сакаат да ја достигнат таа цел.