„Доколку победам на изборите, Меси ќе остане во Барселона!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кандидатот за претседател на Барселона, Жорди Фаре, вети дека Лионел Меси ќе остане во Барселона доколку тој победи на изборите.

Секако сите сакаат Меси да остане во Барселона, иако тој минатото лето сакаше да го напушти каталонскиот гигант затоа што не е задоволен со резултатите на тимот.

„Меси ќе остане ако победам. И тоа ќе кажам и датум. Тоа ќе биде 25 јануари, ден по изборите. Тој сака да остане во Барселона, и тоа е нешто што добро го знам. Ќе работиме на тоа“, кажа Фаре.

Првата ѕвезда на Барселона не беше незадоволна само со резултатите, туку и со раководството на клубот, но и неговото заминување го блокираше претседателот Жозеп Марија Бартомеу.

Меси следното лето останува без договор, па останува да видиме што ќе се случи.