„Доколку тој се пресели во Мадрид, тогаш Реал сигурно ќе ја освои Лигата на шампиони“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Георге Хаџи, поранешен фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, зборуваше за потенцијалното враќање на Нејмар во Шпанија.

И Барселона и Реал се обидуваат да го купат Нејмар, а засега Бразилецот е на половина пат.

Легендарниот Романец смета дека пристигнувањето на Нејмар би му го донело трофејот на Реал во Лигата на шампиони.

„Доколку Нејмар се пресели во Реал Мадрид, тогаш тие ќе ја освојат Лигата на шампиони следната сезона“, порача Хаџи.

ПСЖ е подготвен да го продаде Нејмар, но ќе биде интересно да се види каде ќе замине бразилската ѕвезда.

Во секој случај, ќе биде засилување за неговиот нов тим, без разлика каде ќе се пресели.