Доктор за трансфери: Мончи го доведе деветтото засилување во Севиља


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа сезона, тимот на Севиља заблеска со бројни засилувања, дојдоа неколку добри играчи.

Се разбира, најзаслужен за ова е Шпанецот Мончи, кој се врати во Севиља од Рома, а веќе донесе дури и девет фудбалери.

Последниот играч што дојде е Оливер Торес. Пристигна во Севиља од Порто, а трансферот изнесува 12 милиони евра.

Торес е поранешен млад репрезентативец на Шпанија, а неговата кариера ја започна во Атлетико Мадрид.

Тој немаше премногу простор за игра во матичниот клуб, па реши да оди во Порто, каде што одлично играше.

Тој сега се враќа назад во Шпанија, каде што ќе има добра можност да му покаже на Атлетико дека направи грешка затоа што не му дадоа шанса да игра.