Докторите не го пуштаат Синер на Ролан Гарос, првото место на АТП зависи од – Ѓоковиќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер најверојатно ќе го пропушти Ролан Гарос затоа што докторите му препорачаа да одмори бидејќи постои опасност да ја загрози кариерата.

Синер беше на прегледи во Торино, а „Газета дело Спорт“ објави дека резултатите биле лоши за италијанскиот тенисер и тој ќе мора да одмара одреден период.

Италијанецот ќе мора да внимава во следниот период за успешно да го надмине проблемот со колкот, а би можел да паузира и неколку месеци.

Ова значи дека првото место по Ролан Гарос исклучиво зависи од Новак Ѓоковиќ, кој мора да се пласира барем во финалето ако сака да го задржи тронот.