Долго неделно попладне за Марота: Интер договори трансфер на Икарди, напаѓачот заминува од Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинар Раиспорт, Чиро Венерато синоќа објави информација дека после долгиот попладневен состанок на Џузепе Марота, постигнат е договор со Монако кој би требало да биде наредна дестинација на Мауро Икарди.

Марота разговарал со генералниот менаџер на Монако Олег Петров, а висината на трансферот ќе изнесува 63 милиони евра плус пет милиони евентуални бонуси.

Истиот износ го нуди и Наполи, но Нероаѕурите преферираат својот некогашен капитен да го продадат на Монако, отколку да го засилат директниот конкурент во борба за врвот на табелата.

Клубот кој се натпреварува во француската Лига 1 спремил и одличен договор за Икарди. За одличниот голгетер е спремна плата од 12 милиони евра на годишно ниво во наредните пет години.

Во текот на денот се очекува реакција на Ванда и Икарди кои радо би се преселиле во Јувентус, додека Бјанконерите поради неможност да продадат одредени играчи не можат да тргнат по Аргентинецот.