Доминација: Ѓоковиќ го освои Австралијан опен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои нова титула на Австралијан опен откако во финалето беше подобар од Данил Медведев со 3-0 во сетови.

Русинот целосно разочара, иако многумина беа убедени дека ќе го измачи српскиот тенисер, но тој не можеше ништо да направи против Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ славеше со 7-5, 6-2 и 6-2, а најмногу возбудувања имаше во првиот сет, кога беа забележани три брејка. Ноле водеше со 3-0, но потоа Медведев израмни, но во 12. гем Србинот направи нов брејк.

Во останатите два сета Ѓоковиќ без многу проблеми успеа да слави и така да дојде до својата 18. гренслем титула во кариерата, односно две помалку од Роџер Федерер и Рафаел Надал.