Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баерн Минхен со победата од 1-0 против ПСЖ стана освојувач на Лигата на шампиони, и тоа по шести пат во историјата, но сезонава направија нешто што не му успеало никогаш на никој друг.
Баварците се прв тим во историјата кој го освоил трофејот откако триумфирал во сите натпревар. Тие беа перфектни. Низ групата со Тотенхем, Олимпијакос и Црвена Звезда се прошетаа со шест победи, а потоа во осминафиналето го совладаа Челси двапати.
Потоа беа подобри од Барселона, па од Лион во полуфиналето и на крајот против ПСЖ во финалето.
Неверојатна серјиа од 11 победи и 43 постигнати голови им беа потребни за трофејот во елитното натпреварување.