Донарума најмлад репрезентативец на Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот голман на Милан Џанлуиџи Донарума доби повик од италијанскиот селектор Џампјеро Вентура за мечевите со Франција и Израел.
Овој 17-годишен голман со повикот во националниот тим стана најмлад А репрезентативец уште од 1911 година.

На списокот нема поголеми изненадувања, а Вентура се одлучи за овие фудбалери.

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Џанлуиџи Донарума (Милан), Федерико Маркети (Лацио).

Одбрана: Лука Антонели (Милан), Давиде Астори (Фиорентина), Андреа Барзаљи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), Матиа Де Шиљо (Милан), Анџело Огбона (Вест Хем), Алесио Ромањоли (Милан), Даниеле Ругани (Јувентус).

Среден ред: Федерико Бернардески (Фиорентина), Џакомо Бонавентура (Милан), Антонио Кандрева (Интер), Даниеле Де Роси (Рома), Алесандро Флоренци (Рома), Рикардо Монтоливо (Милан), Марко Пароло (Лацио), Марко Верати (ПСЖ).

Напад: Андреа Белоти (Торино), Едер (Интер), Маноло Габиадини (Наполи), Чиро Имобиле (Лацио), Леонардо Паволети (Џенова), Грациано Пеле (Шандонг Луненг).