Дончиќ: Срцето ми беше скршено од Далас


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Целиот свет на НБА е во шок поради ненадејната размена во која словенечкиот играч Лука Дончиќ го напушти тимот на Далас Маверикс и се приклучи на Лос Анџелес Лејкерс. Во спротивна насока отиде ѕвездата на Лејкерс, Ентони Дејвис – трејд кој веќе се смета за едно од најконтроверзните дејства во неколкугодишната историја на лигата.

Дончиќ, долгогодишниот главен играч и обожаван од навивачите во Далас, првпат јавно зборуваше за тоа како ја примил веста и какви чувства го обземале тогаш.

„Лежев во кревет кога ја примив веста. Прво мислев дека некој се шегува, ми изгледаше како првоаприлска шега. Бев во целосен шок. Чувствував тага и горчина – Далас беше мојот дом, моето срце. Ми го скршија срцето“, откри Дончиќ.

Фото: Принтскрин