Дончиќ купи најбрзи автомобил на светот: Сруши 24 рекорди и вреди 2 милиони евра


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Словенечкиот НБА суперѕвезда Лука Дончиќ повторно го привлече вниманието, но овој пат не заради кошарката, туку заради неговото ново луксузно возило на четири тркала.

На улиците е забележан зад воланот на Rimac Nevera, најбрзиот сериски електричен автомобил на светот, чие вредност достигнува околу 2.000.000 евра.

Овој хрватски “хипер-автомобил” постигнува максимална брзина од импресивни 412 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч го достигнува за неверојатни 1,74 секунди.

Nevera е позната и по својот спектакуларен рекорд, бидејќи од мирување достигнува 400 км/ч и потоа целосно запира за само 25,79 секунди, со што го сруши претходно најдоброто време за 2,04 секунди.

Фото: Принтскрин