Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Полесно отколку што можеше некој да претпостави, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во неделата вечер излегоа на крај со Оклахома Тандерсите, најдобриот тим во Западната конференција, а најефективниот играч на „езерџиите“ во овој натпревар Лука Дончиќ откри што ги мотивираше неговиот тим.
Само еден час пред почетокот на дербито во Оклахома, кошаркарите на Реал Мадрид славеа во „Ел класико“ против Барселона, што според зборовите на Дончиќ им дало посебна инспирација на неговиот тим.
„Тимот беше особено мотивиран бидејќи Реал ја победи Барселона. Тренерот рече дека треба да бидеме силни и агресивни во натпреварот па резултатот нема да изостане. Така и се случи. Би додал дека и протокот на топката беше доста добар”, рече Дончиќ по натпреварот кој би можел да означи пресврт во тимот на Лејкерс.
Фото: Los Angeles Lakers/FB