Дончиќ по солзите во Далас покажа дека е вистински господин (Видео)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Лука Дончиќ е главна тема на денот во сите светски медиуми кога станува збор за кошарката.

Емотивното враќање на словенечкиот кошаркар на гостувањето против Лос Анџелес Лејкерс од Далас Маверикс е исполно со неговата неверојатна игра.

Лејкерс славеа со 112:97, а до победата ги водеше токму Дончиќ со 45 поени, осум скока и шест асистенции!

Посебно емотивен момент беше пред почетокот на натпреварот кога Дончиќ не можеше да ги сокрие солзите поради видео записот кој беше посветен нему од страна на Далас.

„Сите видоа како реагирав на видеото пред почетокот на натпреварот. Сите овие навивачи, јас го почитувам ова неизмерно. Ви благодарам на сите”, започна Дончиќ во изјавата по натпреварот за „ЕСПН“ и додаде:

„Ви благодарам на сите мои соиграчи кои беа тука за мене вечерва. Сега сум среќен, многу сум среќен. Сите знаат дека ги сакам овие навивачи и го сакам овој град, но време е и јас да продолжам понатаму“.

.